Качен на шанк во Благоевград, Цаки пееше ,,Бисер Балкански”!

by fokus

Фолк пејачот Цаки Кисми за време на викендот направил еуфорична атмосфера во ноќен клуб во Благоевград, соседна Бугарија.

Пред многубројните гости тој цела вечер пееше стари македонски песни, а публиката освен што весело играше оро, во еден глас пееше со него.

 

Откако ги отпеа ,,Излези Ѓурѓо”, ,,Јовано, Јованке”, ,,Чешма шарена” и многу други, Цаки ја отпеа и ,,Бисер Балкански”, а на микрофонот порача дека се наоѓа во Бугарија, и дека така, со песна се сака и претставува Македонија. Присутните му ракоплескаа.

Тој објави видео снимки и фотографии од неговиот настап и порача дека пак ќе запее во Бугарија.

Инаку, музичарот е еден од најангажираните пејачи во локали ширум земјата и познат е по своите весели настапи. Неговото име е сашо Нојкиќ, но со децении настапува како Цаки Кисми.

Вики Клинчарова

Поврзани новости