Кабинетот на Џафери: Законот за Советот не се носи со Бадентер, Џафери згреши во најавата

by fokus

Од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот и оти при образложувањето како се носи овој Закон претседателот на Собранието Талат Џафери направил грешка.

Од кабинетот на Џафери се повикуваат на член 11, став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, каде што се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема Законот за Советот на јавни обвинители.

– Законот се носи со обично мнозинство, бидејќи за овој закон според Уставот и Деловникот на Собранието не е предвидено посебно гласање, односно гласање по Бадентер – велат во изјава за МИА од кабинетот на претседателот на Собранието.

Се очекува Џафери утре, по распиштување на изборите најавени на 12 април, на прес – конференција да објасни дека погрешно најавил оти Законот за Советот на јавни обвинители се гласа со Бадентер.

Поврзани новости