Лицата од обезбедувањето на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов денеска се појавиле во Вила Водно, но не се ангажирани за обезбедување на сегашниот претседател Стево Пендаровски.
– Не постојат измени во ресурсите и бројноста на професионалните лица од МВР кои се ангажирани за обезбедување на претседателот Стево Пендаровски, односно го обезбедува истиот тим лица од почетокот на мандатот. Во однос на бројот на луѓе кои го обезбедувале претседателот Иванов, а се опфатени со актите со кои се упатени на претходните работни позиции, ве информираме дека станува збор за неколку лица кои во моментов не се ангажирани за обезбедување на претседателот, велат од кај претседателот.
Техничкиот министер Чулев потпиша телеграма која е доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици престануваат да важат.