Кабинет на Иванов: Шкариќ ја лаже и манипулира јавноста

by Фокус

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов го демантираат универзитетскиот професор Светомир Шкариќ поради неискажаната вистина дека тој во неколку наврати го советувал Иванов да го искористи правото на вето и за други неуставни законски проeкти, но тој не го послушал.

– Најодговорно тврдиме дека проф. Светомир Шкариќ ниту еднаш, во каква било форма или начин, не укажал, не предложил, не доставил, ниту пак советувал за неуставноста на кој било закон донесен во времето додека ја извршуваше должноста советник за уставни прашања на претседателот Иванов, како надворешен стручен соработник. Такво нешто ниту е соопштено, ниту сугерирано, ниту документирано во архивата на Кабинетот на претседателот на Македонија, што лесно може да се провери. Кабинетот на претседателот смета дека не доликува на универзитетски професор да лаже и да ја манипулира јавноста – се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Поврзани новости