Од Кабинетот на шефот на државата Ѓорѓе Иванов ја демантираат веста дека тој на прославата не се ракувал со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и собранискиот спикер Талат Џафери. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:
Лажна вест е дека Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов не се ракувал со г-ѓа Радмила Шекеринска и со г. Талат Џафери на прославата. Зачудува, но не не изненадува отсуството на реакција и демант од страна на Министерството за одбрана на ваквите лажни вести. Напротив, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија смета дека е недолично ваквото однесување на раководството на една сериозна институција како што е Министерството за одбрана.
– Претседателот Иванов останува на ставот да се почитуваат законите за оправдана употреба на Армијата во поддршка на полицијата при прогласена кризна состојба.
– Во изминатиот период, а по поплавите во скопскиот регион во август 2016 година, Претседателот Иванов упати критика и побара одговорност од надлежните институции да ја остваруваат превенцијата, да си ги извршуваат задачите и во недостиг на време за завршување на постапката за законска оправданост да не ја доведуваат Армијата да интервенира трошејќи ресурси наменети за основната мисија.
Потсетуваме дека на прославата на Денот на АРМ во 2016 година, претседателот Иванов рече: „Се создаде навика при речиси секоја елементарна непогода прво да се ангажира Армијата. Тоа е, секако, израз на доверба дека Армијата успешно ќе ја изврши дадената задача. Како врховен командант можам со гордост да кажам дека Армијата секогаш ја оправдала оваа доверба. Но, што зборува оваа практика за подготвеноста на другите надлежни институции? Постојаниот ангажман на Армијата при елементарните непогоди не е трајно решение. Употребата на Армијата за справување со елементарните непогоди треба да биде исклучок, а не правило. Но, по сè изгледа дека се дозволи исклучокот да стане правило. Затоа, денес, сакам да упатам повик до надлежните институции од системот за управување со кризи и од системот за заштита и спасување да постапуваат во согласност со своите законски надлежности. Не може да се дозволи целиот товар во справувањето со елементарните непогоди да паѓа врз Армијата и полицијата, кога во исто време имаат распоредени сили за заштита на државната граница. Неодговорно е да се трошат ресурсите на Армијата за да се штедат сопствените ресурси“.
– Во изминатиот период речиси на секој значаен датум кога се прославувааат денови на Републиката, на Армијата и на Полицијата, Претседателот Иванов ги има одликувано со ордени за заслуги и медал за храброст 90% од формациските единици во состав од АРМ и 3 униформирани полициски единици.
– Во изминатиот период, но и до ден денес Министерството за одрана не обезбеди ревизија на законите за превентивна употреба и проширување на овластувањата на АРМ врзано за член 35 од законот за управување со кризи, порамнување на платите на војниците со полициските службеници, доведувајќи ги во состојба на потчинетост, не обезбеди додаток за вонреден ангажман, не обезбеди основни услови за работа, опрема, транспорт, униформи и не го подобри престој во касарните нарушувајќи ја борбената готовност и логистичка поддршка, за што Генералштабот на Армијата редовно информира.
– Наместо да троши време во генерирање на лажни вести, основна задача на Министерството за одбрана е да обезбеди поголем буџет, услови за редовна работа на АРМ и војниците кои се распоредени во кризните подрачја повеќе од 24 месеци.
– Претседателот Иванов се согласува со ставот на Министерството за одбрана дека во изминатиот период Армијата на Република Македонија извршуваше задачи на други институции и затоа бара таа пракса и противзаконито постапување да преки