472
Спој на електирчен кабел на непристапен терен предизвикал пожар во атарот на село Лева Река, ресенско вчера околу 16 часот, известува МВР.
Огнот опожарил борова и дабова шума а пожарот се ширел кон с.Кривени. Пожарот е се уште активен, а на место се излезени екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дел од месното население.
Се преземаат мерки за гаснење на пожарот. За пожарот е запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување.