Ќе се бришат над 30 000 неактивни фирми од Централниот регистар

by Фокус

Денеска почна постапката за бришење на неактивни фирми од евиденција, откако вчера Централниот регистар го објави списокот од над 30 000 пасивни претпријатија. Фирмите ќе се бришат од евиденција, затоа што не поднеле годишна  завршна сметка за 2013 или пријава за упис на адреса на електронска пошта.

Според Централниот регистар, овие фирми подолг временски период биле пасивни и правеле проблеми во прометот, а со почетокот на постапката нема да можеле да работат.

Со постапката се предвидува основачите и управителите на пасивните фирми во наредните три години да не можат да основаат или управуваат друга фирма, а имотот на претпријатието да моќе да се распредели на содруќниците.

 

Поврзани новости