622
Пред пратениците денеска ќе се најде предлог одлука за објавување на оглас преку кој тие треба да ги изберат новите членови на Лустрациската комисија. Огласот ќе трае 15 дена и потоа од предложените Собранието со двотретинско мнозинство, со најмалку 82 пратеника ќе ги избере новите лустратори.
Мандатот на Лустрациска е истечен уште во јануари, меѓутоа тогаш во Собранието не можеше да се собере двотретинско мнозинство и затоа пропадна првиот оглас на кој се кандидираа речиси истите лустратори на чело со Томе Аџиев. Со оглед на распоредот на силите во Парламентот се претпоставува дека овој пат ќе се избере комисијата без поголеми проблеми.