Усогласување на платите во јавниот сектор согласно со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Своите барања синдикалците ги изнесоа попладнево на протестен марш во Скопје, кој почна пред Собранието и заврши пред Владата.
Претседателот на КСС Благоја Ралповски посочи дека тие се и против секаков трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
– Бараме усогласување на платите во јавниот сектор со покачувањето на минималната плата кое во моментот е 25 проценти. Бараме и исплата на К-15 во јавниот сектор бидејќи сме дискриминирани, а не се согласуваме и со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, изјави Ралповски.
Посочи дека вчера биле повикани од службите во Владата, но иако барале, не оствариле средба со премиерот и министрите.
Претседателот на СОНК Јаким Неделковски рече дека се приклучуваат на протестот на КСС и на барањата за зголемување на платата за 25 проценти во образованието.
Неделковски нагласи дека ова е последен предупредувачки протест пред генерален штрајк во дејностите на СОНК и во сите дејности на КСС.