Јужнокорејски политичар го поврза зголемувањето на машките самоубиства со сè по „доминантната“ улога на жената во општеството, што предизвика остри реакции во јавноста.
Според извештајот, градскиот советник во Сеул, Ким Ки-дук, тврди дека на мажите им е потешко да најдат работа поради вработените жени. Како и поради тоа што жените работат потешко им е да стапат во брак. Тој, исто така, рече дека земјата неодамна „почна да се претвора во општество во кое доминираат жени“ и дека „може да биде делумно објаснување за зголемувањето на бројот на обиди за самоубиство на мажи“.
Инаку, Јужна Кореја има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу богатите земји во светот, но има и еден од најлошите рекорди во рамноправноста на половите.
Советникот Ким од Демократската партија стигна до својата проценка кога ги анализираше податоците за бројот на обиди за самоубиство на мостовите долж реката Хан во Сеул. Извештајот, објавен на официјалната веб-страница на градскиот совет, покажа дека бројот на обиди за самоубиство покрај реката се зголемил од 430 во 2018 година на 1.035 во 2023 година, а од оние кои се обиделе да си ги одземат животите, процентот на мажи се зголемил од 67 на 77 проценти. Експертите за спречување самоубиства изразија загриженост за неговиот извештај.
„Опасно и немудро е да се изнесуваат такви тврдења без доволно докази“, изјави за Би-Би-Си, Сонг Ин Хан, професор по ментално здравје на Универзитетот Јонсеи во Сеул.
Сонг рече дека причината за ненадејното зголемување на машките обиди за самоубиство во Сеул треба научно да се проучи, додавајќи дека е „многу жално“ што советникот го објаснил тоа како родов конфликт.
Во Јужна Кореја, постои значителен јаз меѓу бројот на мажи и жени кои се вработени со полно работно време, при што жените работат на одредено или со скратено работно време. Родовиот јаз во платите полека се намалува, но жените се платени во просек 29 отсто помалку од мажите, пишува Би-Би-Си.