Јужнокорејска инвестиција од 30 милиони евра во Македонија

by fokus

Во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 денеска ќе биде означен почетокот на изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во земјата.

Станува збор за нова инвестиција која се реализира со заедничко вложување на две компании, американската „Дура аутомотив системс” и јужнокорејската „Алмак“, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.

На настанот е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, а ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и претставници на раководството на компаниите.

Поврзани новости