658
Јужна Африка денеска регистрира речиси 20.000 нови случаи на заразени од Ковид-19, што е рекордна бројка од почетокот на бранот на варијантата Омикрон од крајот на ноември.
Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) на својата Интернет страница соопшти дека денеска се регистрирани 19.842 нови случаи на Ковид, така што вкупниот број на заразени е 3.071.064 од почетокот на пандемијата.
Во последните 24 часа починале уште 36 пациенти, со што вкупниот број на починати од Ковид е 90.038.