Јувентус и Барселона подготвуваат размена на играчи

by Fokus

Екипите на Јувентус и Барселона преговараат за размена на играчи, пренесува „АС“.

„Бјанконерите“ го сакаат хрватскиот играч од средниот ред, Иван Ракитиќ во своите редови, додека Федерико Бернадески може да тргне во спротивна насока.

- Advertisements -

Идејата не е нова. За слични преговори се дискутираше минатото лето, но тие беа прекинати поради тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде. Тој сега не е веќе на функцијата и може да се направи оваа размена.

Ракитиќ се согласил на ваков развој на настаните. Позицијата на Бернадески не е позната.

Јувентус исто така ќе бара паричен надоместок, бидејќи Италијанецот е 6 години помлад од Хрватот.

Поврзани новости