По отстранување на целата содржина од противниците на вакцинацијата против Ковид-19, Јутјуб, исто така, блокираше непроверени критики за други вакцини, објави денеска интернет гигантот.
Таа видео-платформа во сопственост на Гугл со тоа ги забрани тврдењата за опасностите или неефекасноста на вакцините за болести како што се мали сипаници одобрени од регулаторните тела.
Покрај содржината, на таа видео платформа забранети се и каналите на истакнати противници на вакцинацијата, пишува денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на потпретседателот на „Јутјуб“ за глобална доверба и безбедност Мет Халприн
Тој рече дека компанијата претходно не забранила содржина против вакцини затоа што била фокусирана на вакцини против Ковид-19, објави Пост.
Халприн додаде дека YouTube ќе продолжи да им дозволува на луѓето да зборуваат за нивните лични искуства по воведувањето на новите правила, како што се мајките да зборуваат за несаканите ефекти што нивното дете ги доживеало по примањето на вакцината, како и научните дискусии за вакцините и неуспесите на вакцините во историјата на медицината.
Забранети се каналите на Роберт Ф. Кенеди јуниор, внук на славниот претседател и истакнат противник на вакцинацијата, и Џозеф Меркола, исто така познат антиваксер..
Властите ширум светот го критикуваа Јутјуб и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер дека не направиле доволно за да спречат ширење лажни здравствени информации на нивните страници.
Халприн денеска соопшти дека Јутјуб веќе избришал повеќе од 133.000 видеа за вакцинација, а неколку илјади луѓе биле ангажирани да ја модерираат содржината, заедно со алгоритми што препознаваат текст и слики.