412
Земјите од Западен Балкан нема да пристапат во ЕУ до крајот на овој мандат на Европската комисија, бидејќи не ги исполнуваат потребните услови, а реформите се неопходни за влез во Унијата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, за време на неговото обраќање во Европскиот парламент.
-Сакам да испратам порака до земјите од Западен Балкан дека пристапувањето во ЕУ не е природна работа, туку се стекнува со многу напор. Сите конфликти мораат да бидат решени пред нивното пристапување во ЕУ. Земјите од Западен Балкан заслужуваат вистинска европска перспектива – рече Јункер.
Тој додаде дека Бугарија, која ќе претседава со Советот на ЕУ во наредните 6 месеци, може да биде извор на инспирација за земјите од Западен Балкан.