Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер истакна денеска во Скопје дека во земјава не пристигнал за да соопшти точен датум за почеток на преговорите, но напомена дека Македонија е на добар пат, постигнала напредок и оти ако продолжи да се движи во таа насока за неколку месеци може да го добие очекуваното и препораката нема да биде условена.
– Не дојдовме да ви соопштиме датум, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите по тој пат за неколку месеци ќе и дадете можност на Европската комисија на Советот да му препорача отпочнување на преговорите за приклучување. Некои од реформите постигнати изминатите години го зачудиле светот – рече Јункер на заедничката прес-конференција со премеиерот Заев, по нивната средба во Владата.
На македонските власти им порача да го решат спорот за името со нивните грчки пријатели.