Јункер ја осуди одлуката на ЕУ за контрола на извозот на вакцините

by Fokus

Поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер во понеделникот ги осуди контролите за извоз на вакцини воведени минатата недела од неговиот наследник, Урсула фон дер Лајен.

Комисијата во петокот донесе регулатива со која им се наложува на царинските власти да го блокираат целиот извоз на вакцини Ковид-19 во околу 100 земји во светот, освен ако не добијат одобрение за извоз од националните влади во ЕУ.

-Ние всушност немавме добри искуства со ограничувања на извозот во Европа“, рече Јункер, зборувајќи на виртуелен настан организиран од германската држава Баден-Виртемберг. „На почетокот на пандемиската криза некои земји донесоа неразбирлива одлука да нема извоз на медицински материјал. Ова го коригираше Европската комисија. Сега се вративме во дебата каде повторно се дава предлог ништо да не се извезува од Европската унија во други земји што не се членки на ЕУ , Јункер, поранешен премиер на Луксембург, кој ја водеше Европската комисија од 2014 до 2019 година, ги осуди ограничувањата на извозот.

Јункер зборуваше и за набавките на ЕУ за вакцини, тврдејќи дека е правилно да се работи заедно и да не се брза со одобрување на дозите, но критикувајќи го темпото со кое се преговарале договорите со фармацевтски компании.

-Ние не сме одговорни само за нас. Ова е пандемија што ги погодува сите на оваа планета. Јас сум многу против тоа што Европската унија сега дава впечаток дека се грижиме за себе и дека страдањата на другите луѓе, особено во посиромашните земји и на посиромашните континенти не влијае врз нас.Верувам дека сето тоа отиде премногу бавно, сè не е направено со максимална транспарентност, иако тоа ќе беше тешка задача, рече поранешниот претседател на Комисијата.

Поврзани новости