Јункер и порача на Фон дер Лајен: Мелони не ти треба!

by Fokus

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ѝ кажа на својата наследничка Урсула фон дер Лајен дека на проевропската коалиција не и треба поддршка од Браќата од Италија на италијанската премиерка Џорџа Мелони и дека проевропската коалиција има 40 места во новиот европски Парламент кој „ќе биде доволен“ да гарантира реизбор на Фон дер Лајен за претседател на извршната власт на ЕУ.

Тој во интервју за италијанска „Стампа“ изјави дека мнозинството не треба да се прошири на екстремно десничарските партии, пренесува „Политико“.
Оглас

„Убеден сум во фактот дека во Европскиот парламент сè уште има проевропско мнозинство со центристички сили, но сè уште сум загрижен и вознемирен од подемот на екстремната десница. Тоа е добро воспоставена појава, но тоа е опасност за Европската унија бидејќи го загрозува духот на солидарноста што треба да ја карактеризира нејзината работа“, рече Јункер, кој ја предводеше ЕК од 2014 до 2019 година.

На Фон дер Лајен и требаат гласовите на 361 европратеник за да и се додели втор мандат на чело на Комисијата.

Ако не успее да добие доволно гласови од трите најголеми групи за да помине, таа се соочува со избор – да побара поддршка од Зелените, кои сакаат климатски гаранции, тврдодесната партија на италијанската премиерка Мелони или да ги направи двете.

Изборот за нов претседател на Европската комисија најверојатно ќе биде на 18 јули.

Поврзани новости