450
Ако ги оставиме сами, Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите овие земји, повторно ќе имаме војна, ја пренесува грчкиот весник „Катимерини“ изјавата на Првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер за „Фајненшл тајмс“.
Јункер го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека е можна нова војна на Балканот и изразил загриженост за реакциите на Трамп по одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.
Тој исто така потенцирал дека е важно на земјите од регионот да им се понуди перспектива за членство во Европската унија.