Јункер беше доволно чесен да ни каже дека проширување нема да има, проблемот е поголем од Бугарија, вели Николоски

by Fokus

Никој не е наивен да влегува во играта на Бугарија на бескрајни условувања и вета, но проблемот е малку поголем од тоа што се претставува во јавност, вели вицепремиерот и министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Стратешка одлука на големите земји-членки на Европската Унија, вели дека е повеќе од десет години да нема проширување.

„Користа од чекањето е зачувување на националната гордост. Никој не е наивен да влегува во играта на Бугарија на бескрајни условувања и бескрајни вета. Ако е ова последно да разговараме, а ако не е последно не сме наивни уште еднаш да страдаме и да имаме проблеми. И мислам дека јас многу често сум зборувал за ова во јавност и стојам позади тоа дека проблемот е малце поголем од тоа што се претставува во јавност, а проблемот е стратешката одлука на големите земји-членки која што, за жал, е таква повеќе од десет години да нема проширување. Последниот политичар којшто беше чесен во однос на процесот, беше политичар којшто од овие другиве коишто се нечесни беше исправен. А тоа е Жан Клод Јункер којшто беше претседател на ЕК. Тој беше доволно чесен да ни каже на сите дека проширување нема да има“, рече Николоски во гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија одговарајќи на прашањето што добиваме како држава со тоа што во моментов не влегуваме во формални преговори со ЕУ.

Поврзани новости