Црквата „Свети Андреј“ од 17 век во Лвов, во западна Украина, која е на листата на светско наследство на УНЕСКО, денес беше цел на руски напади, изјави украинската премиерка Јулија Свириденко.
Таа напиша на платформата X дека Русија го нападнала центарот на градот сред бел ден кога таму имало голем број луѓе.
Претходно, началникот на воената администрација на регионот Лвов, Максим Козицки, изјави дека денес најмалку седум лица се повредени во руски напад со беспилотни летала врз областа.
Најмалку седум лица се повредени денес во руски напад со беспилотни летала врз Лвов, во западна Украина, објави началникот на воената администрација на регионот Лвов, Максим Козицки.
Тој објави на Телеграм дека едно лице е тешко повредено, како и дека пожари избувнале во станбени згради во Лвов и селото Серники поради руските напади, објави Укринформ.
Козицки изјави дека руските сили го нападнале центарот на Лвов со беспилотни летала.