Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина минатиот петок во руски затвор, на социјалната мрежа Х ја објави првата фотографија со својата ќерка Дарија.
„Мило мое девојче, долетав до тебе да те гушнам и да те поддржам, но ти седиш и ме поддржуваш“, напишала Јулија.
Таа тогаш рече дека нејзината ќерка е многу храбра и непоколеблива.
„Можеме да се справиме со се, љубов моја. Добро е што си покрај мене. Те сакам”, додала Јулија во пораката.
Алексеј Навални и неговата сопруга Јулија покрај ќерката Дарија имаат и петнаесетгодишен син.
Дарија претходно во неколку наврати објавуваше статуси на социјалните мрежи во кои му дава поддршка на својот татко и бара негово ослободување. Студира на Универзитетот Стенфорд во САД.
Со оглед на тоа што Јулија објави фотографија со својата ќерка, се верува дека по смртта на сопругот, отпатувала кај децата во САД.
Претходно во петокот таа одржа говор на конференцијата во Минхен каде директно го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на нејзиниот сопруг.
Милая моя девочка. Я же прилетела тебя обнять и поддержать, а ты сидишь и поддерживаешь меня.
Такая сильная, смелая и стойкая. Мы обязательно со всем справимся, родная. Как хорошо, что ты рядом. Люблю. pic.twitter.com/FzDbrykUjH— Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) February 22, 2024