299
Јулија – сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални ги отфрли и ги нарече „глупости“ наодите на истражителите, кои наведоа дека причината за смртта на Навални е комбинација од неколку болести кои ги имал.
Навални денеска изјави дека ќе побара кривична истрага за смртта на нејзиниот сопруг, која таа ја смета за убиство, и рече дека тимот на Навални ќе продолжи да води сопствена истрага, пренесува Ројтерс.
Навални (47) ненадејно почина на 16 февруари во затворска колонија во арктичкиот дел на Русија, а Кремљ ги отфрли обвинувањата на неговите приврзаници дека опозицискиот политичар е убиен и дека зад се стои рускиот претседател Владимир Путин, потсетува Ројтерс.
Во посмртницата пишувало дека починал од природна смрт.