Нов тендер и проект за Клиничката болница во Штип, одлучи Владата

by Fokus

Владата ги задолжи Министерството за здравство,  проектната единица и надзорот да подготват проект за завршување на изградбата на новиот објект на Клиничката болница во Штип, а по направениот просек на состојбата да распишат тендер за изведба. Ова е одлучено на вчерашната седница, на која Владата ја разгледа и усвои информацијата за договорот за изведба на штипската болница.

„На владината седница  беше е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.  Целта е, граѓаните на Штип и вработените да добијат во најскоро време клиничка болница по современи стандарди, посебно што во Клиничката болница работи, како што е соопштено од Министерството за здравство, високо стручен медицински кадар и во болницата се лекуваат граѓани и од поширокиот источен регион“, соопшти Владата.

Болницата се гради цели 16 години, а 200.000 граѓани од регионот не може да добијат соодветна здравствена услуга. Како што веќе пишуваше „Фокус“ последнаtа проценета сума за изградба или реконструкција на Клиничката болница во Штип беше 42 милиони евра со ДДВ. Властите од 2006 година веѕуваат нејзина изградба, а последен рок беше таа да се изгради до средината на 2020 година. И овој рок беше пробиен, а за време на пандемијата беа запрени сите активности.

За доизградба на болницата, како што велат од Владата, се активираат процедури, што ќе овозможат завршувањето на изградбата на новиот објект да се одвива со засилена и прецизно утвдена динамика.

„Задолжени се Министерството за здравство, проектната единица и надзорот да подготват ‘Проект на изведена состојба’, односно пресек на досега изведените работи, во рок од 42 дена. Задолжена е Проектната единица, по направениот пресек на состојбата, во соработка со Бирото за јавни набавки, да подготви нова, тендерска документација и биде објавена јавна набавка во рок од 30 дена“, соопшти Владата.

Поврзани новости