Јубилејно ИутеКредит денеска го прославува својот Еко ден

ИутеКредит општествено одговорна компанија, заштеди 525 000 илјади страници, а со ова, од уништување спасени се 100 дрвја Јубилејно 

by Fokus

ИутеКредит како општествено одговорна компанија по речиси по една година од лансирањето нa МyIute апликацијата и користењето на истата за дигитално поднесување и потпуишување на договори за кредити, заштеди 525 000 илјади страници, а со ова, од уништување спасени се 100 дрвја.


ИутеКредит денес по повод Еко ден приреди симболично обележување на настанот во Хотел Парк со голем број на новинари од сите медиуми со мотото “ Засади и ти твоја зелена градина “.

На секој присутен гостин му беше подарено керамичка саксија со флаер кој што се сади, се со цел да се подигне свеста на секој граѓанин дека треба да садиме што повеќе зеленило во нашата блиска средина.


Мобилната апликација MyIute нуди можност клиентите да аплицираат за кредит каде и да се, 24 часа во денот, да го потпишат договорот за кредит дигитално, а потоа и да го следат статусот на својот кредит редовно преку својот кориснички профил.

MyIute корисниците редовно добиваат специјални понуди и поволности креирани според нивните потреби и можноста да бидат кредитирани.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.

Поврзани новости