Откако српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ју-Ес Опен бидејќи со топче удри линиска судијка, со објаснување излезе организаторот.
Во соопштението до јавноста се посочува дека тенисерот намерно опасно удрил со топчето или небрежно ги занемарил последиците.
-Во согласност со Правилникот на Грен Слем, следејќи ги неговите постапки за опасно или несовесно намерно удирање топка во рамките на теренот или удирање топка небрежно занемарувајќи ги последиците, судиите решија да го исфрлат Новак Ѓоковиќ од Ју-ЕС Опен. Затоа што е дисквалификуван, Ѓоковиќ ќе ги загуби и сите освоени поени на овој турнир, а нема да добие ниту парична награда за настапот досега, стои во соопштението од организаторот.
Пред донесувањето на одлуката за дисквалификација, Ѓоковиќ се извини за потегот, објаснувајќи дека било ненамерна грешка.