Jавното сообраќајно претпријатие – Скопје од утре го зголемува бројот на автобуси на линиите 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62, 63 и 67, во утринските часови за да се избегнат гужвите кои беа регистрирани утринава во фреквентните часови. Првите автобуски линии ќе бидат од 6 часот, откако Владата вчера за првпат воведе полициски час, кој трае од 21 до 6 часот изутрина. Оттаму велат дека ја следат ситуацијата на терен и дека се коордирани со институциите кои одлучуваат за препораките/мерките за тоа како да се реагира во новонастаната ситуација со коронавирусот.
„Потсетуваме дека првите утрински поаѓања на сите линии се оние од 6 часот. На пример, вообичаениот возен ред на линија 5 е од 5:05 часот, 5:30 ч, 5:55 ч, 6:15 ч, што значи дека во актуелнава ситуација (полициски час), првиот автобус што сообраќа е тој во 6.15 часот“,
соопшти ЈСП Скопје.
Дополнителни информации во врска со возниот ред можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.