Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска попладне извести дек во тек е надградба на системот за автоматска локација на возила и за електронска наплата на услугата во нивните и во автобусите на приватните превозници.
Надградбата, како што информираа од претпријатието, се врши во три фаза од софтверската компанија „Аитоникс Македонија“, согласно договор од 15 април 2024 г.
Во моментов, велат оттаму, се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем.
@Во тек е надградба на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници согласно договорот бр. 08-359/1 од 15.04.2024 година со софтверската компанија Аитоникс Македонија.
Надградбата се врши во 3 фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем. Оваа фаза ќе заврши до 15.09.2024 година кога почнува третата фаза, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем. (Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи сеуште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси).
Третата фаза ќе трае 15-30 дена при што ќе се детектираат сите недостатоци на новиот систем, доколку постојат такви. Потоа се исклучува во целост стариот систем, се поврзува и предниот валидатор на новиот систем, со што надградбата ќе биде завршена.
Ги молиме граѓаните за разбирање во овој преоден период“, велат од ЈСП.