45
По најавaта дека од утре ќе нема јавен градски превоз во Скопје, поради неисплатени плати, од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, излегоа со тврдења дека „платите на вработените не доцнат“.
„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП кое го пренесува државната агенција МИА.
Синдикатот на ЈСП, пак денеска на прес-конференција најави дека од утре (16 февруари) нема градски превоз во Скопје.