Со новата реконструкција на позиции во градските претпријатија се назначени нови директори и тоа на „ЈСП“ – Драги Кушовски, ЈП „Паркови и зеленило“ – Мартин Ангеловски и на ЈП „Улици и патишта“ – Ванчо Умленски, информираа попладнево од Град Скопје.
Оттаму дополнуваат дека „Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија, секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции.
Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“.
Градоначалничката Данела Арсовска која во октомври ќе исполни три години од мандатот досега во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје промени над 50 директори, а во некои јавни претпријатија за две и пол години се „изротираа“ дури и по пет директори.
За повеќето разрешувања и назначувања немаше објавено образложенија.