880
Со зголемувањето на бројот на заразени од корона вирус во земјава, ЈСП информираше за најновите одлуки со цел заштита на здравјето на граѓаните.
Како што истакнаа оттаму, од утре, 2-ри јуни, нема да важи бесплатниот превоз на пензионерите во вторник, петок, сабота и недела.
„Ве информираме дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.
ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19“, се вели во соопштението.