ЈСП ги префрли автобусите во Транспортен центар по најавената блокада на приватните превозници

by fokus

Откако приватните превозници најавија дека денеска со своите возила ќе ги паркираат пред централата на ЈСП, јавното претпријатие своите автобуси чии линии тргнуваат од централата во Автокоманда ги префрли во Транспортниот центар под Железничка.

Уште пред еден месец започна хаосот со јавниот превоз во градот. Тогаш вработени во ЈСП протестираа заради неисплатени плати. По нив, приватниот превозник „Макекспрес“ поради долг прекина со работа. Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ во Скопје функционираат со 15 автобуски линии.

Поврзани новости