Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Скопје да ги надминат суетите и да се фатат со работа, состојбата во ЈСП е пред банкрот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Да почнат конечно да го испорачуваат тоа за кое што се платени и добија доверба. Бев зачуден од фактот што дел од советниците на ДУИ, советниците на СДСМ и градоначалничката беа против парите за плати на вработените, да бидат дадени од Градот Скопје. За среќа тука беше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за. Алармантна е состојбата во ЈСП. Лошото менаџирање таму е евидентно. Состојбата е речиси пред банкрот и доколку не се најдат средства и сили од буџетот на градот, треба под итно реструктуирање и поинаков начин на функционирање на јавните претрпријатија, како што е ЈСП, рече Мицкоски.