На вонредната сединица на ЈСП било изготвено барање до Владата на РМ за усвојување на екстерно тестирање за пензионери. Оваа одлука доаѓа веднаш по екстерното за студенти а како што ни наведе и претседателот на советот на ЈСП, имало неколку причини за тоа:
– Ние излеговме во пресрет на град Скопје и проeктот 2014 година и од наш буџет решивме да го изградиме панорамското тркало, затоа што сметавме дека уште само тоа фали во центарот на Скопје. Дури и се согласивме да не протестираме за неисплатените плати. Сега бараме нешто за возврат а тоа е воведување на екстерно тестирање на пензионерите кои се возат бесплатно во државните автобуси. Не може секој што наполнил 65 години и не го искористил правото на уште 2 години работен стаж да му текне да се вози во автобус. Мора да има контрола кој и зошто се вози во автобус, а не само за вртење кругови низ градот. Ете им, готово ќе биде пранорамско тркало, па нека се вртат на него. Во автобус треба да се возат пензионери кои имаат потреба од овој превоз. Дури и ги гледаме студентите кои се уште плаќаат за превоз не сакаат да се возат и купат билет. Порано се возеа и шверц, па ги фаќаме, им пишувавме казни и како така го полневме буџетот, а сега пари не можеме од никаде да земеме, само даваме и возиме без пари. Мора Владата да најде начин како да го реши овој проблем. – изјави претседателот на советот кој сакаше да остане анонимен.
Дали Владата ќе им излезе во пресрет на возачите на ЈСП или ќе продолжи да ги анимира пензионерите останува да видиме, но што и да се одлучи сигурно ќе се одлучи во корист на поголемит дел од нивното гласачко тело.