Сашо Клековски во игра да биде нов директор на Фондот за здравство

Клековски има завршено Медицински факултет, но никогаш не работел како лекар.

by Fokus

Политичкиот аналитичар и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски најверојатно ќе биде новиот директор на Фондот за здравство, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, ВМРО планирале законски измени, со тоа што повеќе нема да постои втор директор на ФЗОМ, како што функционираа досега, а повеќето беа кадри на ДУИ.

Клековски доаѓа  од светот на невладините организации, беше долгогодишен извршен директор на МЦМС, како и познат бизнисмен, кој на почетокот на 2022 година стигна до врвот на ВМРО-ДПМНЕ, во неговиот Извршен комитет. Тој е редовен учесник на дебати на телевизиите.

Клековски има завршено Медицински факултет, но никогаш не работел како лекар. Тој се споменуваше и како кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, но тоа не успеа, а победата ја однесе професорката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Фокус“ го побара Клековски за да го прашаме дали се точни инфомациите дека ќе биде нов директор на оваа здравствена институција, но тој ниту потврди, ниту демантираше.

Претходно објавивме кои се нови директори ќе добијат скопските клиники.

Мерџаноски најверојатно ќе биде директор на Траума, Туџарова или Ѓорѓиевска на Пластична хирургија и Џиковски на Торакална

Ирена Мулачка

 

 

Поврзани новости