ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје може непречено да се користи

by fokus

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, соопшти утрово ЈП Водовод и канализација Скопје.

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје денеска изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на Скопје кој беше во прекин поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа.

Мониторингот опфати 9 (девет) клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа, соопшти ЈП Водовод и канализација Скопје.

Поврзани новости