ЈП ,,Македонија пат”: Снег на планинските превои, возете внимателно

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата. Неговите дежурните екипи, наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Учесниците во сообраќајот можат да ги добијат сите подетални информации на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Поврзани новости