ЈП Комуна ги искара несовесните крушевчани: Кантите за ѓубре не се поставени за декорација!

by fokus

Деновиве во Крушево се одржува турнир во мал фудбал „Илинден 2019“, настан организиран од општина Крушево со поддршка од Агенција за млади и спорт.

Сепак, спортскиот дух и натпреварите паѓаат во сенка од сликата која ја оставаат крушевчани особено после одиграните натпревари.

Publiée par J.P. Komuna – Krusevo sur Dimanche 21 juillet 2019

Еден куп ѓубре, расфрлани ќеси, остатоци од храна и пијалоци се распослани на зелената површина околу игралиштето, каде и уредно се поставени канти за ѓубре.

Апел до граѓаните ѓубрето кое го оставаат после секој натпревар околу фудбалското игралиште да го одлагаат во поставените канти (само на неколку метра се од нив и не се поставени како декорација имаат намена)

Publiée par J.P. Komuna – Krusevo sur Dimanche 21 juillet 2019

Од ЈП Комуна – Крушево реагираа на несовесноста на крушевчани преку социјалните мрежи.

„Апел до граѓаните ѓубрето кое го оставаат после секој натпревар околу фудбалското игралиште, да го одлагаат во поставените канти (само на неколку метра се од нив и не се поставени како декорација, имаат намена)“, порачаа од ЈП Комуна.

Крушево периодов е во центарот на вниманието на летечките спортови, каде се одржуваат натпревари во параглајдерство.

Но, оваа слика не остава убав впечаток кај туристите кои доаѓаат во градот, со оглед на тоа и дека се ближи празникот Илинден, а од локалната самоуправа во повеќе наврати најавија дека Крушево ќе стане туристичко место за четири сезони.

Ј.Ц.

Поврзани новости