Јово Вангеловски законски го набавил службеното возило од 40 илјади евра, утврди ДКСК

by fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата ја запре постапката по предметот за претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра. По добиените информации утврдиле дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој го елаборираше предметот, посочи дека иако не може да се утврдат сомневањата, сведоци сме и тоа го покажува ревизорскиот извештај, дека во судовите фалат многу други поважни работи, отколку скапите возила.

– Бидејќи не можеме да изречеме друга мерка, би издвоил само дел од ревизорскиот извештај, како што е тоа, дека просторните услови не ги задоволуваат потребите за нормално функционирање на судовите, недоволен број на простории за чување на архивираните предмети, една третина од судовите ги немаат осигурено објектите и опремата, фали и многу друга техничка опрема за аудио снимање на рочиштата и ред други слабости, изјави Бајрами.

Поврзани новости