Јовев за „Фокус” по назначувањето на новиот директор: Најнеспособниот и Јуда го избираат за да го контролираат

by Fokus

Најнеспособните кадри ги избираат за директори, за да може да ги контролираат. Ваков коментар за „Фокус” даде разрешениот директор на скопската Кардиохирургија, доктор Сашко Јовев, откако денеска беше назначен Марјан Шокаровски на негово место.

„Се избираат најнеспособните кадри и Јуда за да може да ги контролираат. Тоа е целта.”, вели доктор Јовев во изјава за „Фокус”.

Две недели по неговото разрешување, откако јавноста и лекарската фела се крена на нозе, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити назначи нов директор.

Пред десетина минути од Министерството за здравство излегоа со соопштение за назначувањето на новиот директор и со образложение на целата негова кариера.

На прашањето дали планира да тужи, разрешениот кардиохирург одговара:

„Ми ветуваа дека ќе ме вратат и затоа правно не преземав ништо. Ако не истекол рокот ќе тужам, ако не, ќе конкурирам на конкурсот за директор”, додава Јовев.

Ирена Мулачка

 

 

 

 

Поврзани новости