Јовев го потпишал решението за разрешување од директор на Кардиохирургија

by fokus

Сашко Јовев вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија, објави телевизија Сител.

Неговиот правен тим од понеделник ќе одлучи дали и кога истото ќе биде обжалено. На кардиохирургот му се забележува дека според контролите на Меџити имал злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер и ниту министерот ниту од СДСМ не кажуваат кога ќе назначат нов директор и дали тој ќе биде од редовите на вработените или ќе биде донесен од надвор. Јовев во вчерашното годтување на Сител кажа дека засега останува на кардиохирургија иако веќе имал понуди од странство.

-Од приватна установа во моментот нема, но имам од надвор од луѓе кои ми се многу блиски и кои гледаат и знаат што се случува, изјави Јовев.

Поврзани новости