Јовески: Поради состојбата, одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

by Fokus

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, продолжува да постапува по предметите преземени од поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но поради новонастаната состојба, одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за Телма.

– По преземањето на овие предмети коишто беа во предистрага или во истражна постапка, обвинителството ги презема соодветните дејствија, зависно во секој предмет поединечно какви дејствија требаше да се преземат. Според тоа не е точен податокот дека во овие предмети не се постапува. Можеби сега со оглед на новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат во ова време. Уверен сум дека по овие предмети, обвинителите кои што постапуваат, ги преземат дејствијата, рече јавниот обвинител Јовески.

Поврзани новости