Јовески: Нема сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело

by fokus

Во автобусот дополнително е пронајдено уште едно тело на починат патник и се работи за лице на помлада возраст. Настрадале 45 патници, а 7 се пренесени на лекување. Ова денеска на прес конференција го соопшти државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

-Уверен сум дека нема сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело. Од самите слики се гледа дека автобусот е многу оштетен. Нема никаков сомнеж во овој дел. Немам детали каде точно, во кој дел на автобусот, е пронајдено телото, но е меѓу другите изгорени работи во автобусот, рече Јовески.

Тој кажа дека денеска претставници на обвинителството на Бугарија пристигнале во Македонија, а утре ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните. Исто така, ќе им биде предадена и документацијата која е одземена од Беса Транс, податоци за регистрација на автобусите и податоци од Министерството за транспорт и врски.

Во текот на денешниот ден Обвинителството упатило замолница до бугарските власти двајца претстаници од Судска медицина Скопје да присуствуваат во експертизата во утврдувањето на идентитетот  со цел да се забрза процесот на идентификација.

Поврзани новости