Државниот обвинител Љубомир Јовески не се согласува во целост со забелешките на Греко дека обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи, објави телевизија Телма.
Сепак прифаќа дека треба повеќе работа во борбата против корупцијата и во изјавата за Телма најавува дека ќе се потрудат да ги отстранат слабости констатирани во извештајот.
-Примерите на отворени предмети против актуелни и поранешни функционери (судии, градоначалници, политичари, државни секретари) покажуваат во пракса дека не постои воздржаност кај обвинителите да отвораат случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Затоа во целост не можам да ги прифатам забелешките изнесени во извештајот. Сепак се согласувам дека нашите напори не се доволни. Работиме на тоа таа борба да ја унапредиме и да ја направиме поефикасна за да одговориме во целост на потребите на општеството и државата, за заштита од оваа негативна појава која силно влијае врз целокупниот развој, вели јавниот обвинител Јовески.