Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, верува дека шефот на обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази ќе покаже соодветни резултати и покрај тоа што експертската јавноста реагираше негативно по однос на неговиот избор. Јовески не го загрижува тоа што во јавноста протекоа фотографии на кои Абази е сликан со функционери и лица блиски до ДУИ, поточно со Невзат Бејта и со братот на Али Ахмети.
-Не би им дал посебно значење бидејќи во обвинителството постои систем на одговорност за секој обвинител, секој кој нема да постапува согласно законот ќе понесе соодветна одговорност – рече Јовески во вечерашното интервју на Телма.
Тој додаде дека ова обвинителство има отворено предмети за високи функционери.
-Има оформени предмети, истраги, предистраги и против актуелни и против поранешни функционери, има и предмети кои се пренесоа од СЈО, а кои црпеа доста ресурси – додаде тој.