Јавниот обвинител, Љубомир Јовески ја примил претставката од Управата за финансиска полиција, велат од Обвинителството за „Фокус“ откако Управата реагираше за претресот што минатата недела го изврши Обвинителството за гонење на организиран криминал и коурпција по кривична пријава што стигнала до нив.
-Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја прими претставката од Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија за испитување на наводите, по што ќе биде донесена соодветна одлука, велат од Обвинителството.
Според Управата за финансиска полиција, со претресот е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.
Од содржината на наредбата, според Финансиската полиција, може да се констатира дека таа е „воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување“, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес ОЈО ГОКК „не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“.
Обвинителството минатата недела вршеше претрес во Финансиската полиција, но за што точно никој не соопштува.
Ф.Ф.С.