Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, денеска одбележувајќи го денот на правосудството се сретнаа со претставници на Врховниот апелационен суд на Турција.
-Јавниот обвинител на Република Македонија, г. Љубомир Јовески денеска оствари работна средба со г. Мехмет Акарџа, Републички главен јавен обвинител на Врховниот апелационен суд на Република Турција и г. Исмаил Рушту Чирит, Претседател на Врховниот суд на Република Турција. На средбата присуствуваа и г. Јово Вангеловски, Претседател на Врховниот суд на Република Македонија, како и претставници од Врховниот апелационен суд на Република Турција и од Јавното обвинителство на Република Македонија.
На работната средба беше истакната подготвеноста на двете страни за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата, меѓународниот организиран криминал, трговијата со луѓе и нелегалната миграција, како и кривичните дела од економски и компјутерски криминал.
Ова е прва работна средба на г. Љубомир Јовески со турските колеги. Посетата е во рамките на одбележувањето на Денот на правосудството во Република Македонија, информираат од Јавното обвинителство.