566
Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески изјави дека нема отворено постапка за СМС пораката, која обвинителката Вилма Рускоска ја испрати до судиите кои ја пуштија Катица Јанева во домашен притвор.
-Состојбите што настанаа со пораката на обвинителката Рускоска ги разгледа Колегиумот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Колегиумот и јас како јавен обвинител наоѓаме дека до овој момент нема основ за покренување дисциплинска постапка, истакна Јовески за МИА.
- Advertisements -
Тој посочи дека треба да се почека што ќе заклучи Советот на јавни обвинители, кој денеска расправа за ова.