887
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во вестите на ТВ Сител даде своја анализа за страотната автобуска несреќа во која загинаа 44 лица.
„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.
Притоа тој додаде дека тубите до моторот не биле причина за пожарот во автобусот и делот кај моторот не бил зафатен од пожарот.