Крсто Јовановски денеска на прес-конференција изјави дека Владата на СДСМ се обидела да го испроблематизира одржувањето на УЕФА Супер купот со наводни недостатоци околу изградбата на стадионот, сакајќи, според него, да создадат атмосфера на паника во која тие би биле спасителите кои што ќе го решат проблемот.
– Лажните информации кои СДС сакаше да ги протне во јавноста беа дека претходната Влада не инвестирала доволно во стадионот и дека сега сме соочени со наводно пропаѓање на Супер купот. Иако ПУИК веднаш кажа дека над 6 милиони евра се инвестирани во стадионот и дека се е завршено освен некој ситни активности чија изведба е во тек, изјави Јовановски.
Тој додаде дека СДСМ на јавноста ѝ продавала приказна како се да е пропаднато и дека сега се потребни надчовечки напори и милиони евра за да се спаси Супер купот, за на крај да се испостави дека проблемот кој се обидуваа да го прикажат како огоромен бил само во тоа дека треба да се направат некој клими уреди во износ од 115 илјади евра, кои пак ПУИК требало да ги обезбеди зошто пак ги имал во својот буџет.